Македонија

Едногласна осуда за инцидентот во ГОБ “8-ми септември”

Силни осуди од медицинарите за нападот и инцидентот во ГОБ 8-ми септември и државен карантин со кривична пријава за еден од 6-те приведени затоа што иако бил позитивен случај бил пред градската болница каде неговата мајка починала од Ковид 19.

Инцидентот пред болницата каде се води најтешката борба за животите на стотина пациенти заразени со вирусот заврши со полициска интервенција. Осуда упати и лекарската комора и министерот Филипче.

Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа прилика јасно се декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал. Сведоци сме дека во изминатите пет месеци докторите и севкупниот здравствен персонал се бореа за секој човечки живот и затоа Комората го осудува секое непочитување на нивната работа, труд, жртва и ризик со кој се изложуваат на највисоко ниво во пружањето на услугите, соопшти лекарската комора.

Полицијата соопшти дека против едно лице е поднесена кривична пријава затоа што иако заразен со Ковид 19 дошол пред болницата каде починала неговата заразена мајка.

По трагичната вест двајца синови на жртвата дошле во болницата и кога лекарката им објаснувала што се случило со нивната 60-годишна мајка сакале да влезат внатре и да ја земат, а откако им се посочени протоколите за погреб на заболен човек тие почнале да се закануваат и да спомнуваат и оружје.

Тогаш е повикана полицијата која ги нашла и привела.

Заразениот син додека чекаше транспорт во станица и потоа во карантин велеше дека треба и обдукција.

Но за негов транспорт, стигнаа и полицајци во скафандери. И тогаш бараше на неговиот брат да му довозлат за последен пат да ја види мајката.

Директорот на 8-ми септември, Христијан Костов телефонски ни изјави дека има разбирање за болката на синовите на 60-годишната почината жена која 5-ти ден била во болницата, но не ја  оправдува агресивноста и го осуди инцидентот и нападот врз персоналот кој со последните сили и веќе 4 месеци се бори за помош на пациентите.

Вели дека за роднините во определено време е отворена телефонска линија за информации за состојбата на заболените, а министерот Филипче вети дека ќе се подобри таа комуникација иако информациите поспоро се добиваат кога лекарите се со болните на интензивна нега и без телефон кај нив.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе