Вести Ковид19 Свет

Фаучи: САД нема да стекнат имунитет на стадо

Еден од водечките американски експерти во борбата против коронавирусот, Ентони Фаучи, изјави дека ќе биде задоволен од вакцина што ќе биде од 70 до 75 проценти ефикасна, но предупреди дека таа нема да биде целосна заштита, особено поради фактот дека многу Американци не сакаат да се вакцинираат.

Затоа, вели тој, малку е веројатно дека САД ќе стекнат доволно имунитет за да ја сузбијат епидемијата.

Фаучи додаде дека вакцината со ефикасност од 70 до 75 проценти не може да обезбеди „имунитет на стадо“.

Тој посочи дека меѓу аларманто голем број луѓе постои „генерално расположение против науката, владата и вакцината“ и додаде дека американската Влада почнува програма за едукација за вакцините како одговор на антиваксерските пораки.

-Програмата ќе опфати голем дел од општеството. Луѓето можеби не сакаат тоа да им го кажуваат лица во костуми, побрзани со владата, како мене, на пример,иако јас, сепак, тоа ќе им кажам. Тие во програмата треба да видат лица на кои можат да се потпрат во заедницата – спортисти, локални херои, луѓе што можат да ги имитираат , појасни Фаучи за Си-Ен-Ен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе