На состанокот на кој се решаваше за домаќин на Светското првенство за дами во 2023 година и кое им беше доделено на Австралија и Нов Зеланд донесена е одлука за одобрување на сума од 1,5 милијарда долари за сите 211 членки на ФИФА.
Секоја национална асоцијација ќе добие по милион долари еднократна помош, а ќе се доделат и 500.000 долари за развој на женскиот фудбал. Останатите пари ќе може да се користат како бескаматни кредити, а секоја федерација ќе може да добие до 35 проценти од годишниот приход и ќе се користат за санирање на финансиските последици од пандемијата.
За финансирање на оваа помош ФИФА од своите резерви ќе повлече 328 милиони долари и тоа се парите за директната субвенција додека 556 милиони ќе бидат искористени како гаранција за одобрените кредити.