Македонија Најважни

Нови 163 заболени со Ковид-19, тројца починати

Не се намалува бројката на новозаболени со коронавирус во земјава веќе трета недела. Со новите 163  потврдени како позитивни од 1074 тестирања во изминатото деноноќи, во моментов во земјава има 3.284 активни случаи со Ковид-19. Најмногу случаи повторно има во Скопје, 70. Од другите градови по број се издвојува Тетово каде неколку деннјови пор ед цифрите на новозаболенис е двоцифрени, денеска 25. Двоцифрена бројка има и во Штип, 14. Следи Гостивар со 11, Охрид со 9, Дебар со 6, додека  Куманово кое долго време беше жариште на коронавирусот, денеска бележи само двајца нови позитивни.

Скопје останува на врвот на листата со најмногу актинив случи 1.862, по што следи Тетово со 371, па Куманово со 269. Со троцифрени бројки наа активни случи с еи Штип, Струха и Охрид.

Во изминатите 24 часа починале и тројца пациетни од коронавирус кои се лечеле во болницата „8 септември“. Едниот пациен бил од Ресен  и имал 42 години, како и двајца пациенти од Скопје на 71 година и  на 83 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, а вкупно таму се хоспитализирани 94 пациенти, додека во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид, но и 15 возрасни позитивни пациенти.

Во „8 Септември“ ле куваат 16 нови пациенти, а вкупната бројка на хоспитализирани таму е 144.

Министерот за здравство уверува дека не болничките капацитети не се загорзени со прием на нови пациенти. Според него здравствениот систем е подготвен и за есенскиот нов бран на вирусот кој може да биде и пожесток од претходните два.

Зголемувањето на бројките може да воведе и дополнителни рестриктивни мерки.

Филипче притоа најави средби со лидерите на верските заендици и со претствнбици на граѓанскиот сектор со цел да се работи на терен со граѓаните за почитување на мерките.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе