Поради конфликтот меѓу Израел и Иран, Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран , изјави денеска анонимен извор од турското Министерство за одбрана.
Според изворот Анкара не забележала прилив на нелегални мигранти од Иран, пишува МИА.
Турција продолжува да развива повеќеслоен и интегриран систем за противвоздушна и противракетна одбрана користејќи радарски и оружени системи произведени во земјата, посочи изворот.
Целта е да се одржи потенцијалната борбена готовност на високо ниво.
Авион на турскиот систем за брз одговор полета откако Израел ги почна нападите врз југоисточниот сосед на Турција, Иран, рече изворот, додавајќи дека авионот продолжува да патролира по границите поради можноста за нарушување на воздушниот простор од страна на Израел.