Полскиот министер за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш, објави дека земјата ја зајакнува безбедноста на границата со Украина, откако руските напади со беспилотни летала во близина на граничните премини ја зголемија загриженоста кај сојузниците од НАТО.
„Последните денови покажуваат дека дејствијата на Русија ја загрозуваат безбедноста на цела Европа. Во согласност со одлуката на нашата влада, се зајакнува инфраструктурата што ја користи Граничната стража“, напиша Кошњак-Камиш на платформата „Икс“ (X) по двата напади за време на викендот, од кои едниот погоди воз во кој патуваше група поранешни западни функционери.
„Војниците од 18-тиот инженериски полк веќе извршуваат задачи со кои ќе се зајакнат контролните пунктови и инфраструктурата во близина на полско-украинската граница.“
Руското Министерство за одбрана во вторникот потврди два напади во близина на полската граница, тврдејќи дека возот превезувал воен товар.
Претходно воени претставници во Литванија, уште една земја-членка на НАТО, соопштија дека за првпат во воздушниот простор на земјата е соборен дрон. Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, изјави дека италијански борбен авион на НАТО го соборил дронот, додавајќи дека тој „најверојатно дошол од Русија“.

Борбен авион на НАТО собори дрон во Литванија веднаш по полноќ синоќа, соопшти Националниот центар за управување со кризи на Литванија. Дронот, кој веројатно влегол од Белорусија, бил соборен во близина на селото Праткунај во јужна Литванија, во близина на Каунас, вториот по големина град, изјави портпарол на центарот. A drone that just entered Lithuanian… Продолжи со читање












