Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Тошковски на „Ѕидот на срамот“, тој најави боди камери и видео врска за пријавување семејно насилство

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се најде на „Ѕидот на срамот“ на страната на Мрежата за заштита од дискриминација поради неусвојување на предвидените измени на осум закони за заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Од Мрежата бараат предложените измени да бидат усвоени најдоцна до 10 декември.

„Конкретно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше иницијатор за работната група во однос на законите. Само еден од тие осум закони е поднесен во Собранието и дури и тој не е донесен. Сметаме дека не е коректно некој да учествува во работна група и да подготвуваат измени на закони кои на крајот немаат никаков епилог“,рече Атанас Аврамов, Мрежа за заштита од дискриминација

Тошковски пак најави два нови проекта насочени кон превенција и заштита од насилство, со кои смета дека ќе се намалат случаите.

„Полициските службеници при секое едно нивно дејствување, при секое едно нивно оперативно преземање на активности ќе бидат задолжени да носат боди камери. Обезбедениот доказен материјал ќе биде искористен од страна на Основното јавно обвинителство и ве уверувам дека со тоа ќе се зголеми силата на секој еден случај. Во иднина освен што ќе добиваме аудио ќе имаме и видео сигнал преку кој жртвата ќе стапи во контакт со ЦУК И МВР“, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Годинава се регистрирани седум фемициди, по што следуваа протести во кои грѓаните побараа одговорност и поголема заштита на жените. По убиствата на Ивана и Катја, во март беше формирана работна група за подготовка на измени на осум закони, но досега до Собранието е доставен само еден закон кој се уште не е усвоен, а целта на овие измени е заштита на жртвите.

Jumbo 2