Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авион на НАТО собори дрон над Литванија

/

Свет

Сподели преку :

Борбен авион на НАТО собори дрон во Литванија веднаш по полноќ синоќа, соопшти Националниот центар за управување со кризи на Литванија.

Дронот, кој веројатно влегол од Белорусија, бил соборен во близина на селото Праткунај во јужна Литванија, во близина на Каунас, вториот по големина град, изјави портпарол на центарот.

Тој нагласи дека сè уште не е утврдено чиј е сопственикот на дронот. Претходно, беше издадена тревога поради појавата на дрон во главниот град Вилнус и околниот регион.