Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја полил собата со запалива течност па се заканувал на ќерката дека ќе ја запали

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста против маж од Куманово. Тој ја навредувал својата ќерка, а потоа и ја полил собата со запалива течност заканувајќи се дека ќе ја запали.

Според информации од полицијата, заканата се случила на 19 ноември во семејниот дом. Пријавениот најпрво ја навредувал ќерката и ѝ упатувал закани, по што собата ја полил со запалива течност и се заканил дека ќе ја запали неа и куќата.

Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Jumbo 2