Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште тројца уапсени во Србија во истрагата за злоупотреби во „Алта банка“

/

Свет

Сподели преку :

Уште три лица се уапсени по налог на српското Обвинителство за организиран криминал во рамки на проширената истрага за финансиски злоупотреби во „Алта банка“, со кои е причинета штета од околу 45,56 милијарди динари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според соопштението, лишени од слобода се специјалниот советник за оперативно-технички работи, логистика, имот и безбедност во банката Д.М. (51), директорот на „Алта груп“ Т.Б. (45) и благајникот во трезорот на банката Ј.П. (46), кои се товарат за помагање во злоупотреба на службената положба во периодот од 2021 година до 30 октомври 2026 година.

Истрагата ги сомничи дека Д.М., по налог на претходно уапсениот претседател на Управниот одбор и сопственик на капиталот на банката, неовластено изнесувал готовина од трезорот и му ја предавал, додека Т.Б. ѝ наложувал на благајничката Ј.П. да евидентира уплати на дневен промет без готовинско покритие на сметката на „Алта груп“, од каде што средствата потоа биле префрлани на приватната сметка на осомничениот Д.М.