Француската министерка за здравство, Стефани Рист, во петокот изјави дека до крајот на јули биле регистрирани околу 7.000 дополнителни смртни случаи за време на интензивните топлотни бранови што ја погодија земјата летово. Таа додаде дека конечните податоци ќе бидат достапни во наредните недели.
Француската здравствена агенција претходно процени дека во периодот од 17 јуни до 2 јули биле регистрирани 5.764 дополнителни смртни случаи – објави новинската агенција Ројтерс.
Инаку, ова лето беше најтоплото во историјата на земјата, предизвикувајки големи шумски пожари. Топлотните бранови негативно се одразија врз туристичката сезона и уништија земјоделски култури во водечкиот земјоделски производител во Европа.
„Во текот на викендот екстремните температури во југозападниот дел на земјата ќе достигнат 40 степени Целзиусови, изјави Матје Сорел, климатолог во француската метеоролошка служба Météo-France.

Топлотните бранови во периодот од 18 јуни до 16 август предизвикале 2.935 дополнителни смртни случаи во Белгија, односно 22,6 отсто повисока смртност од очекуваната, соопшти тамошниот Институт за јавно здравје „Сиенсано“ (Sciensano) во извештај објавен во четвртокот. Во периодот од 18 јуни до 3 јули, Белгија ја регистрирала највисоката прекумерна смртност, со 2.035 дополнителни смртни… Продолжи со читање
Земјата се соочи со тешки суши и шумски пожари кои досега уништија повеќе од 96.000 хектари вегетација – повеќе од два и пол пати поголема површина од онаа што изгорела во текот на целата 2025 година. Според министерката за екологија Моник Барбу, топлотните бранови би можеле да ја чинат Франција повеќе од 15 милијарди евра (17,3 милијарди долари).
Шумските пожари принудија стотици илјади луѓе да се евакуираат, уништија стотици објекти и негативно се одразија врз летната туристичка сезона.
Стопанската асоцијација на осигурителни компании France Assureurs проценува дека трошоците за осигурителните штети поврзани со шумските пожари во областите Жиронд, Ланд и Вар од 21 јули досега изнесуваат околу 500 милиони евра – пренесе американското специјализирано списание „Insurance Journal“.












