Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Две и пол години казна затвор наркодилерот Лазаров кој претходно преку прозор и избега на полицијата

/

Македонија

Сподели преку :

Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна од Кочани кај кого во јули годинава, во неговото возило беше пронајдено дрога, а по распитот во Полициската станица во Кочани си го отворил прозорецот и се даде во бегство пред судот признал вина и е осуден на две и пол години казна затвор. Лазаров неколку дена беше бегалец, МВР распиша меѓународна потерница по што беше лоциран и фатен.

Од Основниот суд во Кочани за Телма потврдуваат дека пресудата за Лазаров е донесена на 25 ноември, гонет е за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, продолжена му е и мерката притвор до правосилноста на пресудата.

Дрското бегство на Лазаров преку прозорецот на кочанската Полициската станица предизвика револт кај жителите на Кочани, како и кај семејствата на загинатите и повредените во кочанската дискотека „Пулс“, бидејќи го поврзуваат со криминални дејствија, односно продажба на дрога.

Реагираа и опозциските партии кои бараа одговорност од надлежните и да се испита бегството на наркодилерот Лазаров.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев токму од Кочани на полициските службеници им порача дека доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, за нив ќе има одговорност и ќе бидат санкционирани.

Jumbo 2