Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна од Кочани кај кого во јули годинава, во неговото возило беше пронајдено дрога, а по распитот во Полициската станица во Кочани си го отворил прозорецот и се даде во бегство пред судот признал вина и е осуден на две и пол години казна ...
Фондот за здравствено осигурување во врска со состојбата со здравственото осигурување во МВР, појаснува дека статусот на здравственото осигурување се утврдува преку автоматизиран систем, врз основа на податоците за пријавите и уплатените придонеси, кои по електронски пат се преземаат од Управата за јавни приходи. Фондот не врши рачно исклучување на ...
Откако министерството за внатрешни работи (МВР) вчера за Телма потврди дека нема одговорност и пропусти во полициските редови за бегството на Ива Михаилова во Бугарија, директорот на полицијата Александар Јанев изјави дека сè уште се истражува како се случило нејзиното бегство. На обвинувањата дека таа била следена во Македонија, Јанев ...
Во полицијата, во граничните служби и во кочанската полиција задолжена за спроведување на мерките за обезбедување на Ива Михаилова немало пропусти иако таа повеќе од еден месец е во Бугарија и не се појави на единственото судско рочиште каде е обвинета за сообраќајна несреќа со една жртва. МВР не утврдило ...
Битолчанецот, кој беше пријавен од неговата 21-годишна партнерка за насилство, и натаму е недостапен за полицијата, пет дена откако избега од полициската станица во Битола. Девојката на 10 ноември пријави дека била физички нападната од партнерот, кој, според нејзиниот исказ, околу година и половина ја изложувал на насилство и ѝ ...
Поседување на зимска опрема во возилата од денеска (15 ноември) е задолжително, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. „За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите четири тркала, со ...
Законот кој треба да помогне во спречување на семејното насилство во август е поднесен во собрание и уште не е ставен на дневен ред. Денеска министерот за внатрешни работи ги објаснуваше промените но и тој не знае кога ќе дојде на ред за гласање. Според информации на Телма од собранието, ...
Вчера попладне во СВР Скопје, А.К.(38) пријавил дека претходниот ден во вечерните часови во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Според пријавата, нападот се случил по претходно недоразбирање при игра – соопшти денеска полицијата. Се преземаат мерки за расчистување ...
Полицијата приведе 15 странски државјанки во угостителски објекти во гостиварско, пронајде дрога и лиши од слобода уште две други лица – ова е билансот од денешната акциска контрола на полицијата на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, ...