Американските сили на Блискиот Исток се подготвени да започнат нови, потенцијално големи воени операции против Иран во рок од 96 часа по евентуална наредба од претседателот Доналд Трамп, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на информации добиени од американски функционери.
Според изворите, САД веќе распоредиле доволно воени сили во регионот за спроведување на нападите, кои би можеле да бидат значително пообемни од претходните операции против иранските воени капацитети.
Американски функционери предупредуваат дека евентуалната операција би била посложена, бидејќи иранските сили подобро ги познаваат американските воени тактики.
Засега, Трамп нема донесено конечна одлука за следните чекори кон Иран.
Сепак, според информациите на Си-ен-ен, дел од изворите запознаени со воените планови очекуваат можност за поширока воена операција, што дополнително ја зголемува неизвесноста на Блискиот Исток.












