Поранешната министерка за труд и социјална безбедност на Шпанија, Фатима Бањез е меѓу загинатите во тешката железничка несреќа што се случи денеска во покраинмата Толедо, пренесува АБЦ, повикувајќи се на извори од Народната партија.
Бањез беше министерка од 2011 до 2018 година владата на Маријано Рахој. По заминување од политиката застана на чело на фондацијата ЦЕОЕ која е поврзана со шпанското здружение на работодавачи. Родена е во Уелва во 1967 година и со години беше пратеничка на Народната партија во шпанскиот парламент.
Бањез патувала за Севилја, каде требала да учествува на одбележување на Денот на претприемништво. Таа се наоѓала во еден од вагоните кои се судрија претпладнево на пругата Мадрид – Севилја кај Урда.
Фото: screenshot/youtube

Пад на системот предизвикал запирање на шест возови, меѓу кои и двата што учествуваа во несреќата, изјави шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте. Обраќајќи ѝ се на јавноста Пуенте сподели повеќе детали околу начинот на кој се случила несреќата, нарекувајќи ја навистина неверојатна. Во случај на пад на системот, контролниот центар ја презема сигнализацијата, појасни… Продолжи со читање












