Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дачиќ прогласи „црвено ниво на терористичка закана“ во Србија – засилено е присуството на полициските сили

/

Свет

Сподели преку :

Се претпоставува дека, младиот човек кој е осомничен за нападот врз израелската амбасада во Белград, дека е од Шабац, а според Министерството за внатрешни работи, тој го нападнал припадникот на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи „Алаху Акбар“.

Во тек е истрага рече министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ пред да прогласи „црвено ниво на терористичка закана“.

  • Истрагата секако е во тек и сите детали ќе бидат познати во текот на ноќта, но сето тоа бара од мене како министер за внатрешни работи, кој е надлежен за тоа, да го подигнам нивото од тероризам на најголемо можно ниво или кога ќе се случи терористички напад на наша територија, нивото се подига на „црвен степен“. Што практично значи дека од изутрина ќе биде засилена контролата и засилено присуството на полициските сили на сите места каде што е важно заради инфраструктурните објекти и заради собирање на поголем број на граѓани, рече Дачиќ.

Исламската држава е џихадистичка група која бара од муслиманите ширум светот да му дадат заклетва за верност на нејзиниот лидер, Ибрахим Авад Ибрахим Али ал-Бадри ал-Самарај, попознат како Абу Бакр ал-Багдади.

Напад со нож пред Амбасадата на Израел во Белград – напаѓачот бил малолетник кој на Истаграм објавил фотографија со црно знаме

Припадник на српската Жандармерија се здобил со полесни повреди при напад со нож пред Амбасадата на Израел во Белград, при што напаѓачот бил убиен, соопшти Министерството за внатрешни работи, објави Би-Би-Си. Министерството за внатрешни работи го окарактеризира нападот како „терористички“. „Во терористички напад извршен синоќа, припадник на Жандармеријата – кој вршел обезбедување на Амбасадата на… Продолжи со читање

telma.com.mk