Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Само обединети можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво

/

Свет

Сподели преку :

Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба во која подвлече дека овој датум треба да нè потсети на храброста и стремежот на генерации пред нас и истакна дека нивната борба и пожртвуваност се основата врз која денес се гради иднината.

-Овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност. Нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина. Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности– кажа претседателот на Собранието.

Гаши додаде дека само обединети и со почит кон разлочностите може да се создаде држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво сигурно и почитувано.