Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клинтон со порака: Доста од политичари со пристап „Ние против Нив“

/

Свет

Сподели преку :

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон говореше во Холивуд, Флорида, на својот прв јавен предизборен настан во рамките на кампањата за изборите.

Клинтон изрази поддршка за Дејвид Џоли, кандидатот за гувернер на Флорида, истакнувајќи дека тој се кандидира од вистинските причини, притоа повикувајќи ги гласачите да му дадат шанса.

Клинтон упати критики кон она што го нарече „политика на поделби“, велејќи дека му е доста од политичари кои промовираат пристап „ние против нив“ и предизвикуваат конфликти, додека гласачите се соочуваат со тешкотии поради високите трошоци за живот.

–Многу ми е мило што сум дел од движење  во кое луѓето навистина се грижат, каде што ми поставуваат толку  детални прашања и  сакаат да знаат: „Ако те ангажираме за оваа работа, што точно ќе правиш?“ Уморен сум,  бидејќи се откажавме  од тој пристап. Уморен сум од постојаната  поделба: „ние“ против  „нив“. Некои политичари, без воопшто да трепнат,  ми имаат кажано дека  на самиот почеток мораш да дефинираш непријател и целата кампања да ја  изградиш околу тоа,  бидејќи стравот и гневот се помоќни од надежта и љубовта. Па, уморен  сум од политичари кои предизвикуваат кавги,  додека гласачите се  обидуваат да одлучат  кој производ ќе мораат да го вратат на полицата во продавницата.  Уморен сум од тоа  што кон нашите сојузници  се однесуваме како  да се ништо, порача поранешниот американски претседател Клинтон.