Американскиот милијардер и сопственик на „Спејс Икс“, Илон Маск објави дека наредната година ќе подари по една акција на компанијата за секое дете во САД, но не наведе како ќе го спроведе тоа.
Според податоци на американската Канцеларија за попис на населението, на 1 јули во 2025 година во САД живееле околу 72 милиони деца помлади од 18 години. Вредноста на акциите што Маск планира да ги подари изнесува околу 10,5 милијарди долари, според цената од 146,03 долари по акција при затворање на берзата во петокот, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.
Маск, според пријавата што ја поднесе во Комисијата за хартии од вредност на САД во август, поседува околу 4,8 милијарди акции во „Спејс Икс“.
Неговата најава дојде по еден ден од соопштението на „Антропик“ во кое се наведе дека компанијата планира да издвои пет отсто од своите акции за нов фонд за јавен интерес, со можност тој удел да се зголеми во зависност од растот на компанијата.












