Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожари во нафтени постројки и складишта во рускиот град Санкт Петербург

/

Свет

Сподели преку :

По напад со украински беспилотни летала, избувнаа пожари во нафтени постројки и индустриски складишта во рускиот град Санкт Петербург. Запалени се објекти,  терминал е зафатен од пламен.

Запалено е и нафтеното складиште „Ручи“, додека на паркинг во блискиот град Новоселие гореле и автомобили.

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, изјави дека во Новоселие биле оштетени паркирани автомобили, а пријавен бил и итен прекин на електричната енергија.

Во нападот, кој предизвика пожари и на Нафтениот терминал во Санкт Петербург и во градското нафтено складиште „Ручи“, загина едно лице, а петмина се ранети, соопшти локалниот гувернер Александар Беглов.

Цел на нападот биле и логистички центар на рускиот трговец „Озон“ (Ozon), како и центар за податоци на локалниот технолошки гигант „ВК“ (VK) – информација што ја потврдија и двете компании.

Од „ВК“ – најголемата руска социјална мрежа и екосистем за дигитални услуги – потврдија дека нивниот центар за податоци во Ленинградската област бил цел на напад, додавајќи дека нивните услуги остануваат достапни за корисниците како и обично.