Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Од „примирјето“ на Трамп, Русија изведе 76 напади врз украинскиот енергетски сектор

/

Свет

Сподели преку :

Од „примирјето“ на американскиот претседател Доналд Трамп пред една недела, Русија нè нападна 76 пати, намерно гаѓајќи го нашиот енергетски сектор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Само минатата ноќ се забележани удари на трафостаници во областите Виница, Житомир, Хмељницки и Одеса. Десетици илјади семејства и натаму се без струја. Енергетичари и теренски екипи работат деноноќно за да го обноват снабдувањето со електрична енергија“, објави Зеленски на Икс.

Според него, само во текот на минатата недела, Русија ја нападнала Украина со речиси 2.700 јуришни дронови, 1.700 авио-бомби и 66 ракети од поголемиот дел биле балистички и додаде дека главни мети биле енергетските објекти.

„Русите се обидуваат да предизвикаат целосно исчезнување на струјата. Соединетите Американски Држави би требале да видат дека Русија не презима никакви реципрочни чекори како одговор на ублажувањето на санкциите или договорите. Напротив, секој сигнал за можност за заработка на пари, тие го сфаќаат како доказ дека нивната определба за војна се исплати и дека може да продолжат да се борат. Русија мора да се соочи со притисок за мирот да има шанса“, порача Зеленски.