Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Погоден танкер со две ракети во територијалните води на ОАЕ – повреден член на екипажот

/

Свет

Сподели преку :

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) соопшти оти добила извештај за инцидент во територијалните води на Обединетите Арапски Емирати, во кој екипажот танкер пријавил дека е погоден со две ракети.

Еден член на екипажот е полесно повреден, а штета е предизвикана и на бродот, кој продолжува со својата рута, се вели во соопштението на Агенцијата, која наведува дека танкерот со течен природен гас бил нападнат од луѓе во мал чамец во близина на јеменскиот град Ал Мукала.

Исто така, беше објавено дека во чамецот имало најмалку седум мажи, објави Ал Џезира.

„Од чамецот се истрелани два проектили во правец на танкерот, по што вооружениот безбедносен тим на танкерот испукал два предупредувачки истрели кон малиот чамец, принудувајќи го екипажот на чамецот да го промени курсот“, се вели во соопштението на Агенцијата.