Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Фрлаа камења, блокираа улици – над 150 се повредени, а најмалку 160 демонстранти уапсени во Тирана

/

Свет

Сподели преку :

Солзавец, водени топови употребени  во уште едни насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија.

Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија.

Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Новинар на Франс прес забележал маскирани групи кои кршеле излози, ограбувале продавници и се обидувале да влезат во владини објекти во центарот на Тирана.

Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите.

Протестите се прошириле и во други албански градови, каде што, според локалните медиуми, засега има помалку насилство, но се организираат блокади на универзитети предводени од студенти.