Годишното донирање на износ колку што чини едно пиво од секој граѓанин во Европската Унија, би било доволно за помош на Украина, порача летонскиот премиер Андрис Кулбергс од Брисел. Тој нагласи оти е потребно да се продолжи поддршката за Киев и да се засилат санкциите кон Русија. Граѓаните ги повика и помалку да размислуваат за сопствената комоција, истакнувајќи дека поддршката за Украина има цена.
Кулбергс предложи секој граѓанин на Европската Унија да испие едно пиво помалку во годината, а средствата да ги донира на Украина.
„Тоа е едно пиво помалку годишно за секој Европеец. Тоа можеме да си го дозволиме. Но, таа помош на Украина ѝ треба сега. Тоа едно пиво е само трошок, а таму, во Украина, цената се плаќа со животи. Ние ќе пиеме помалку, а таму ќе спасуваме животи“, рече Кулбергс.












