Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина на Ормускиот Теснец откако беше погоден со ракета, додека во фаза на потонување е и товарниот брод „Cape Dao“, објавија денеска извори од поморската безбедност.
Бродот „GFS Pride“ пловеше под знамето на Сингапур, соопштија извори, објавија британските медиуми. Компанијата „GFS Ship Management FZE“ од Обединетите Арапски Емирати, која управува со бродот, не беше достапна за коментар.
Во одделен инцидент, бродот „Cape Dao“ со знаме на Антигва и Барбуда е во фаза на тонење во близина на теснината откако беше погоден од ракета на 23 септември, додадоа изворите. Компанијата „Peonies Shipmanagement FZE“, со седиште во ОАЕ, која управува со бродот, не беше достапна за коментар.
Британската агенција за поморска трговија (UKMTO) претходно денеска соопшти дека два комерцијални брода биле погодени од „непознати ракети“ во одделни инциденти во Ормуската Теснина.












