Фејсбук воведува нова функција засновата на вештачка интелигенција која на корисниците им овозможува да одредат каква содржина сакаат почесто или поретко да гледаат во објавите и видеата кои им се прикажуваат.
Новата опција насловена како „Ваш алгоритам“ (Your Аlgorithm) им овозможува на корисниците директно да влијаат на агоритмот кој препорачува содржина наместо во целост да се потпираат на автоматски препораки на платформата, соопшти компанијата Мета.
Корисниците со свои зборови ќе можат да ги опишат своите интереси и желби, а промените ќе се одразуваат на препорачаната содржина во реално време.
Мета го унапреди и менито што се отвора со кликнување на три точки покрај објавата со цел корисниците да можат полесно да ги нагодуваат своите преференции. На тоа место ќе можат да пристапат на опцијата „Ваш алгоритам“ или да одберат дали одредена содржина им се допаѓа или не.
Платформата ќе може да додаде и дополнителни прашања за подобро да разбере што корисникот сака да гледа повеќе, а што не. Воведувањето на новите функции е дел од пошироките настојувања на Мета да им овозможи поголема контрола на корисниците врз содржината што им се прикажува.












