Аеродромот во Нирнберг во Германија е затворен поради вонредна состојба
Во соопштението на веб-страницата на аеродромот пишува:
„Поради вонредна состојба во воздухопловството, летовите во моментов се прекинати. Ќе следат дополнителни информации.“
Според полицијата затворањето на аеродромот, следува откако тројца пилоти „независно пријавиле видувања на објект, можеби дрон“ за време на слетувањето и полетувањето.
Инцидентите се случиле утрово, соопшти локалната полиција.
Полицијата распоредила и хеликоптер, но не успеала да го потврди објектот.
Пријавите за дрон биле непосредно пред слетувањето на авион од грчкиот остров Крф кој безбедно слетал на аеродромот.












