„Остро ги осудувам нападите со дронови врз трговски бродови кај бугарскиот брег. Тие ги доведуваат животите на екипажите во сериозна опасност и ја загрозуваат безбедноста во Црното Море“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.
Претседателката на Европската комисија изјави дека Европската унија стои зад Бугарија и им се заблагодари на спасувачките екипи за нивната брза реакција.
Два трговски брода беа погодени во одделни инциденти во Црното Море во текот на ноќта. Шестмина морнари беа повредени во нападот врз товарниот брод „Челзи 3“, кој пловел под малтешко знаме и се наоѓал на околу 18 наутички милји источно од Бјала. Сите 15 членови на екипажот – седум државјани на Украина и осум на Азербејџан – беа евакуирани.
Пет лица беа пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна, додека шестото лице беше пренесено во Воено-медицинската академија. Бродот остана да плови.

Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор во Софија откако во текот на ноќта беа погодени бродови во непосредна близина на бугарските територијални води, изјави премиерот Румен Радев. „Челзи 3“ товарен брод во украинска сопственост што пловел под малтешко знаме, бил погоден околу 01:30 часот во вторникот, на 18 наутички милји (33 километри) од бугарскиот брег,… Продолжи со читање












