Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор во Софија откако во текот на ноќта беа погодени бродови во непосредна близина на бугарските територијални води, изјави премиерот Румен Радев.
Членовите на екипажот пријавиле напад со три беспилотни летала, рече тој. Сите тие биле спасени. Според првичните информации, уште еден брод бил погоден и потонал на 17 наутички милји од селото Крапец, наведе Радев.

Шест члена на екипажот на товарниот брод „Челзи 3“ се повредени во напад со дрон во близина на брегот кај Бјала. Петмина се здобија со полесни повреди и беа примени во болницата „Света Ана“ во Варна, додека еден морнар беше префрлен во Воено-поморската болница со полесни изгореници. Нема извештаи за сериозни повреди. Бугарскиот премиер Румен… Продолжи со читање












