Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Јемен се води битка со глобални последици – Затаило предупредувањето пред смртоносните напади во Ријад

/

Свет

Сподели преку :

Во Јемен повторно се интензивираат борбите меѓу Хутите и силите лојални на меѓународно признатата влада, со последици што се чувствуваат и надвор од Блискиот Исток.

Судирите се водат во стратешки важни пустински области во близина на теснецот Баб ел Мандеб, кој го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна поморска рута за меѓународната трговија и транспортот на нафта.

Според командантите на владините сили, тие повторно презеле дел од територијата што претходно ја контролирале Хутите, но борбите продолжуваат, а противничките сили користат снајпери, артилерија, беспилотни летала и балистички ракети.

Ескалацијата предизвикува загриженост за безбедноста на Саудиска Арабија и за глобалните енергетски пазари, бидејќи секое нарушување на пловидбата низ Баб ел Мандеб може да влијае врз снабдувањето со нафта и нејзините цени.

Хутите, кои ја презедоа престолнината Сана во 2014 година, и натаму контролираат голем дел од населението во земјата.

Најголемата цена ја плаќа цивилното население. Според Меѓународната организација за миграција, околу 200.000 луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на новата ескалација во септември.

Затаило предупредувањето пред смртоносните напади во Ријад

Системот за јавно предупредување во Саудиска Арабија не испратил известувања за претстојни воени напади во деновите пред серијата смртоносни удари врз аеродромот во Ријад, во кои загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 300 биле повредени.

Саудиските власти досега не објасниле зошто јавноста не била предупредена пред нападите. Отсуството на предупредувања отвора прашања за способноста на кралството да ги заштити граѓаните и посетителите од воздушни напади.

Саудиската цивилна одбрана вчера повторно издаде предупредувања за можни закани во Ријад и јужните делови на земјата, првпат по 29 септември.

Аналитичарите предупредуваат дека обидите да се зачува впечатокот на нормалност може да предизвикаат дополнителна несигурност, додека Саудиска Арабија се соочува со растечки безбедносни закани во конфликтот со јеменските Хути.

 Трамп потврди дека разговарал со престолонаследникот Мохамед бин Салман по нападот врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“, но не изнесе детали за разговорот.

На новинарско прашање „дали сметате дека нападите на Хутите се зачестија во врска со изборите на средината на мандатот во САД?“, Доналд Трамп, одговори:

  • „Не знам како тоа влијае на изборите. Не го земам тоа предвид. Знам само дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје. И тоа е веќе решена работа. Тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје, но Хутите се однесуваат недолично, да.“