Во Загреб денеска ќе се одржи првиот состанок на мешовитите комисии на Црна Гора и Хрватска, со што официјално почнуваат преговорите за решавање на отворените билатерални прашања меѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите ќе бидат статусот на школскиот брод „Јадран“ и другите прашања поврзани со сукцесијата на воениот имот на поранешната државна заедница.
Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, изјави дека Хрватска од Црна Гора, покрај бродот „Јадран“, бара и друг воен имот чија вредност, според него, надминува 2,7 милијарди долари.
Во изјава за Хрватската телевизија тој ги отфрли тврдењата дека станува збор за класични билатерални прашања со кои Хрватска се обидува да го блокира европскиот пат на Црна Гора.
„Како ќе гледаме на иднината на ЕУ ако Црна Гора, која е кандидатка, го игнорира првиот сосед и всушност не сака да ги реши овие прашања“, рече Грлиќ Радман.

Пауза во процесите кои се однесуваа за понатамошна интеграција на Црна Гора во ЕУ побарала Холандија, сметајќи дека е потребна дополнителна анализа и доследна примена на сите дефинирани стандарди. Во барњаето на Холандија и се придужиле уште четири земји членки меѓу кои Хрватска, Естонија, Литванија и Латвија, со што е создаден дополнителен притисок врз досегашното… Продолжи со читање












