Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет земји, меѓу кои и Хрватска, бараат пауза во пристапниот процес на Црна Гора во ЕУ

/

Свет

Сподели преку :

Пауза во процесите кои се однесуваа за понатамошна интеграција на Црна Гора во ЕУ побарала Холандија, сметајќи дека е потребна дополнителна анализа и доследна примена на сите дефинирани стандарди.

Во  барњаето на Холандија и се придужиле уште четири земји членки меѓу кои Хрватска, Естонија, Литванија и Латвија, со што е создаден дополнителен притисок врз досегашното темпо на преговорите, објави  „Дан“.

Држави инсистираат на детална проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да бидат донесени какви било нови одлуки на европско ниво.  Извор на „Дан“ од Брисел, информира дека во овој момент целосно е неизвесно кога ќе дојде до напредок кон затворање на поглавјата и закажување на Меѓувладина конференција.

Црна Гора досега затвори 18 од вкупно 33 преговарачки поглавја.

Последната Меѓувладина конференција на која беа затворени поглавја се одржа во јули. Тогаш се зборуваше за можноста за затворање на уште едно поглавје пред летната пауза, меѓутоа, рампата за поглавјето 14 ја постави Хрватска.