Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гасот во Европа повторно поскапе – ураганот Исајас го запира производството во Мексиканскиот залив

/

Свет

Сподели преку :

Затворање на производството во американскиот дел од Мексиканскиот залив, каде се приближува ураганот Исајас, повторно ја зголеми цената на гасот во Европа. Мегават час со рок на испорака во ноември претпладнево на холандската берза ТФФ чинеше 79,75 евра, односно за околу два отсто повеќе од вчерашното затворање на тргувањето.

Според прогнозите на американскиот Центар за урагани, патот по кој се движи Исајас опфажа подрачја со значително производство на гас и нафта на море, како и бројни рафинериски постројки на брегот.  Според податоците на американската Управа за минерали во море, пак, до вчера беше запрено отприлика четвртина од производството на нафта во Мексиканскиот залив и шестина од производството на гас.

Соединетите Американски Држави лани беа втор најголем добавувач на гас во Европската Унија. Во ЕУ биле испорачани 75,6 милијарди кубни метри гас или повеќе од четвртина од вкупниот увоз на ЕУ. Повеќе природен гас во ЕУ во 2025 година е набавен само од Норвешка или вкупно 89,3 милиајрди кубни метри, што одговара на 30,9 отсто од вкупните странски испораки на енергенсот.