Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комерцијален авион што патувал од Дубаи до Израел бил пренасочен кон Саудиска Арабија по повик за помош

/

Свет

Сподели преку :

Авион на „Флајдубаи“ што летал од Дубаи кон Тел Авив денеска морал принудно да слета во Табук, Саудиска Арабија, откако во текот на летот дошло до инцидент во пилотската кабина – односно тепачка меѓу двајцата пилоти.

Случајот накратко предизвикал сомнежи дека авионот можеби бил киднапиран, поради што Израел испратил и воени авиони.

Авионот испратил сигнал за итен случај околу два и пол часа по почетокот на летот.

Според една од патничките на авионот, која и се јавила на својата мајка за време на инцидентот, во леталото имало огромна паника и страв меѓу патниците дека ќе се урна а се случил и физички напад со нож, при што патници интервенирале за да го спречат напаѓачот.

„Авионот почна да губи контрола. Сите луѓе врескаа, мислеа дека ќе загинат. По неколку минути, двајца други пилоти ја презедоа контролата. Неколку Израелци тргнаа кон човекот. Тој извади нож и се обиде да го убие пилотот. Му ја фатија раката и го соборија на подот. Имаше многу крв наоколу, па Израелците притрчаа да помогнат. Имаше крв и по телото. „Беше како лудило“, рече таа. „Беше лудо, навистина лудо време“, рече Јасмин Абукезис, мајка на една од патничките