Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Страв во Полска по руските напади во близина на границата

/

Свет

Сподели преку :

Жителите од источна Полска, се соочуваат со зголемена загриженост откако руските дронови експлодираа на украинска територија, само неколку километри од границата.

Експлозиите се слушнале во околните полски села, а сирените за првпат предупредиле на воздушна опасност.

На еден од граничните премини привремено било прекинато работењето и била извршена евакуација.

Полските власти засилено ја подготвуваат областа за можни инциденти.

Во училиштата се вежбаат процедури за евакуација, додека во близина на границата се поставуваат дополнителни заштитни структури и е распоредена противвоздушна одбрана, вклучително и системи „Патриот“.

Градските власти предупредуваат дека земјата сè уште е во почетна фаза на изградба на поширока цивилна отпорност.

Кај локалното население, сепак, покрај стравот постои и неизвесност како да се постапи во случај на вистинска воздушна закана.