Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демонстранти во Њујорк го гаѓаа Еди Рама со јајцe, тој порача: „Нема да ме запрат“

/

Свет

Сподели преку :

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како неколку лица фрлаат јајцe кон Рама, додека во позадина се слуша како дофрлуваат погрдни имиња, како „мафијаш“ и „криминалец“.

За време на инцидентот, Рама, кој учествува на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, беше придружуван од неговата сопруга Линда Рама и од шефот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала.

Реагирајќи на овој инцидент, Рама на социјалната мрежа „X“ напиша дека нема да го запрат оние кои трчаат хистерично покриени со националното знаме.

„На оние што се покриваат со националното знаме и хистерично трчаат по улиците  им велам само дека јас го кренав тоа знаме повисоко од кога било претходно во очите на светот. А на оние што мислат дека ќе ме запрат со кал и јајца во мојата мисија да го однесам нашето знаме на врвот на обединета Европа, им велам дека ако за првпат во историјата на албанската држава имаме институционален систем што покажува способност за самопрочистување, тогаш тоа е големо достигнување што не паднало од небо, туку дошло токму како еден од историските резултати на оваа мисија“, напиша Рама.

Тој додаде дека Албанија е земја која ЕУ и САД ја ценат токму поради борбата против корупцијата.