Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп и Си со пораки за соработка и стабилни односи

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, на почетокот на средбата во Белата куќа, испратија пораки за одржување на стабилни односи меѓу двете најголеми светски економии, со фокус на трговијата, технологијата и вештачката интелигенција.

Трамп ја истакна личната врска со Си, оценувајќи дека двајцата лидери изградиле „вистинско големо пријателство“. Тој рече дека на средбата ќе разговараат и за безбедноста, технологијата и „суперинтелигенцијата“, додавајќи дека одлуките во овие области можат да придонесат за мир и просперитет во следните децении.

Си порача дека конкуренцијата меѓу САД и Кина треба да биде „здрава“ и да се одвива во утврдени граници. Тој нагласи дека двете земји треба да ја зајакнат комуникацијата, да бараат заеднички интереси и да ги оставаат разликите настрана, со цел да изградат меѓусебна доверба.

Средбата се одржува во услови на продолжени разлики околу трговијата, вештачката интелигенција, Тајван и Иран. Двете страни во средата се договорија да го продолжат трговското примирје до 10 јануари.

Во пресрет на средбата, главните американски телевизиски мрежи одбија да ја обезбедат вообичаената заедничка видео-снимка од настанот, во знак на солидарност со CNN, MS NOW и Politico, на кои Белата куќа им го ограничи пристапот.