Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Tензично и пред судот во Хаг и во Приштина-пресуда за Тачи, Красниќи, Весељи и Селими

/

Свет

Сподели преку :

Пред судницата во Хаг е распоредено силно полициско присуство.

Поддржувачи на таканаречената ОВК се собираат во близина на судницата. Присутни се и бројни медиумски екипи, пишува РТС.

Поддржувачите на таканаречената ОВК се собираат и во центарот на Приштина, со истакнати знамиња на таканаречената ОВК, додека нивното присуство и атмосферата ги следат бројни новинарски екипи, пред пресудата на Хашим Тачи и тројцата обвинети во Хаг.

Поради најавените собири и можните протести, амбасадите на САД, Велика Британија и Франција ги предупредија своите граѓани да бидат претпазливи и да избегнуваат големи толпи.

Полицијата во Приштина најави зголемени безбедносни мерки и одржување на јавниот ред во врска со конечната пресуда на поранешните водачи на таканаречената ОВК.

Денеска пресуда во ХАГ за Хашим Тачи

Денеска во ХАГ треба да бидат изречени пресудите за водачите на ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Обвинети се за злосторства против човечноста, прогон, затворање, нехумани постапки, мачење, убиство. Специјалното обвинителство во ХАГ предложи на четворицата да им биде изречена казна од по 45 години, со тврдење дека… Продолжи со читање

telma.com.mk