Денеска во ХАГ треба да бидат изречени пресудите за водачите на ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Обвинети се за злосторства против човечноста, прогон, затворање, нехумани постапки, мачење, убиство.
Специјалното обвинителство во ХАГ предложи на четворицата да им биде изречена казна од по 45 години, со тврдење дека доказите за време на судењето ги потврдиле извршените кривични дела.
Четворицата се во притвор од ноември 2020-та година, а судењето против нив почна во 2023-та. Вкупно 134 сведоци дадоа исказ во судница. Изрекувањето на пресудите се следи со големо внимание и на Косово и во Србија.












