Трамп остро го критикуваше судот преку долга објава на социјалните мрежи.
„Републиканците штотуку добија уште една неповолна одлука од Врховниот суд на САД – одлука за која на судскиот систем му требаше вечност, а потоа како причина делумно наведoa недостиг на време за спроведување решение за нашата целосно КОРУМПИРАНА катастрофа со гласањето по пошта, која е предмет на потсмев низ целиот свет и поради која сме единствената земја што мора да трпи таква ИЗМАМА што ја уништува нацијата“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.
„Ова не се луѓето што ги интервјуирав за да служат во Врховниот суд на САД; тие се само бледа сенка на она што беа претходно“, додаде претседателот.
Изборите кои секогаш се одржуваат на средина на мандатот на претседателот се закажани за 3 ноември.












