Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 44 повредени откако воз излета од шините во Франција

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, откако регионален воз со околу 180 патници синоќа излетал од шините во северозападна Франција.

Несреќата се случила околу 19:30 часот на пругата меѓу Руан и Кан. Според локалните власти, возот се судрил со сè уште неидентификуван предмет.

Еден вагон се превртел, додека четири други излетале од шините.

На местото на несреќата веднаш била испратена голема екипа на итните служби.

Францускиот министер за транспорт Филип Табаро првично соопштил дека во несреќата биле повредени околу 20 лица, но бројот подоцна се зголемил на 44.