Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП во последните пет години

/

Свет

Сподели преку :

Претседателот на Русија, Владимир Путин на деловниот форум на БРИКС денеска во Њу Делхи изјави дека современиот свет минува низ длабоки промени и оти се појавуваат нови движечки сили на глобалниот развој. Путин рече дека земјите од БРИКС во последните пет години произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот бруто-домашен производ (БДП), истакнувајќи дека државите членки имаат огромни и динамични внатрешни пазари, со забрзана урбанизација.

„Ако зборуваме за растот на глобалната економија во истиот период, тогаш речиси половина од овој раст е обезбеден од земјите на нашиот сојуз“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Според него, на Русија ѝ се воведени повеќе од 30.000 санкции, што, како што наведе, е двојно повеќе отколку на сите земји во светот заедно. Тој додаде дека земјите кои ги воведоа антируските санкции и самите се соочија со економски пад. Додаде и дека индустриското производство во водечките економии на еврозоната падна за осум проценти во последните неколку години.

Рускиот лидер нагласи дека БРИКС создава нова одржлива платформа за глобален раст, чии правила не се наметнати однадвор.

Тој истакна дека Русија е „подготвена да соработува со целиот свет, вклучувајќи го и Западот“ и оти е подготвена да придонесе кон енергетската и прехранбената безбедност во светот.

Путин денеска ја почна тридневната посета на Индија, во чии рамки ќе учествува на 18-тиот самит на БРИКС на 12 и 13 септември и ќе одржи неколку билатерални средби, меѓу другото со претседателот на Јужна Африка, премиерите на Малезија и Етиопија, престолонаследникот на Абу Даби и шефот на Новата развојна банка на БРИКС.