Истражувачот на вештачка интелигенција Џејкоб Коксон ја напушти компанијата Антропик, а претходно работеше и во ОпенАИ и порача дека два технолошки гиганта „се коцкаат со нашите животи“. Во објава на Икс тој предупреди дека светот „не би смеел да ја потцени силата на таа технологија“, пишува „Политико“.
„Наскоро тие ќе видат натчовечки системи кои можат да хакираат било што, преку ноќ да трансформираат било кое подрачје и да стекнат реална моќ и ресурси. Сите сведочевме на напредок во секој од тие домени, а тој напредок не забавува“, напиша Коксон.

Коксон тврди дека ОпенАИ и Антропик „брзаат дирекно кон самоусовршена суперинтелигенција“. Станува збор за сценарио во кое АИ модели стануваат способни за самостојно да развиваат свои напредни верзии што би предизвикало незапирлив повратен однос.
Во компаниите како ДипМајнд (DeepMind) на Гугл (Google), таков развој се смета за еден од можните предизвикувачи за настанување на вештачката интелигенција, систем кој значително би ја надминал човечката интелигенција, наместо само да парира, што е одлика на општата вештачка интелигенција.
„Луѓето кои ја создаваат вцештачката интелигенција искрено веруваат дека може да нè победи сите до крајот на оваа деценија“, додаде Коксон на Икс.
Тврдењата на Коксон ги поддржа и Иван Хабингер, раководител на тим во Антропик задолжен за усогласување на технологијата со човечките цели. Иако тој не ја напушти компанијата, во своја објава ги потврди тврдењата на Коксон.
„Џејкоб тука е во право. Ние навистина искрено веруваме дека АИ може да ги победи сите луѓе“, рече Хабингер. Тој проценува дека веројатноста за таков исход во наредната деценија е поголема од 10 отсто и додаде оти не постои план кој би осигурал дека вештачката интелигенција остане во рамки на човечките цели во сценарио за суперинтелигенција.












