Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени две лица во напад со нож во училиште во близина на Берлин

/

Свет

Сподели преку :

Убиени се две лица во напад со нож што се случи денеска во приватно училиште во Берлин, напаѓачот е уапсен, соопшти германската полиција. Жртви се 18-годишна ученичка и 30-годишен маж кој се обидел да ѝ помогне, додадоа полициски извори.

Нападот се случи во местото Госен-Ној Цитау, на границата меѓу Берлин и сојузната покраина Бранденбург. Според локалните медиуми, напаѓачот е 19-годишно и наводно е поранешен партнер на убиената девојка. Неговата националност засега е непозната, како и податокот дали го посетувал училиштето во кој се случи нападот.

Пред повеќе од еден месец во Баварија, 16-годишно момче со хрватско потекло со нож нападна и тешко повреди две девојки во своето училиште.

Полициската статистика вели дека во Германија во текот на 2025 година биле евидентирани околу 30.000 напади со нож од кои речиси 1.000 завршиле со смртен исход.