Министерот Сашо Клековски, денес, врачи дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело, објави на Фејсбук Министерството за здравство.
Информираат дека заедно со решенијата врачени пред неколку месеци, во Клиничката болница Тетово досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, кои се неопходни за успешно функционирање на установата.
- „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални успеси и многу посветеност во грижата за пациентите. Вашата работа е од огромно значење за нашето здравство“, им порача министерот.
Со ова се заокружува проектот за вработување на 1.500 повеќегодишни договорци, а набрзо ќе биде комплетиран и проектот за вработување на 600 специјализанти, се констатира во објавата на Фејсбук.


Сѐ уште не се знае колку од лицата кои работат како волонтери во Клиничката болница во Битола ќе бидат вработени. До Министерството за финансии е доставено ново барање за согласност, но колкумина од нив ќе добијат работа ќе зависи од финансиската состојба на болницата. Станува збор за медицински и немедицински персонал кои веќе осум месеци… Продолжи со читање

За време на прес-конференцијата пред Клиничката болница во Битола, на која премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Сашо Клековски и директорката на болницата Ненси Лозанче зборуваа за нова опрема и вработувања, граѓанин се доближи до камерите и постави прашање за статусот на лицата кои со месеци работат без надомест. „Сакав да прашам што ќе биде… Продолжи со читање

Само во прилепската и битолската болница има повеќе од 100 медицински сестри кои работат со договор на дело. Земаат паушал од околу 20 илјади денари и нивните вработување се во неизвесност бидејќи не биле планирани со систематизацијата, рече во Утринска на Телма претседателката на здружението на медицинските сестри Бешлиовска, која го потенцираше дека болниците кај… Продолжи со читање













