Американски пожарникари се борат со големиот шумски пожар во сојузната држава Невада кој брзо се шири. Според првичните проценки, уништени се најмалку 32 домови во пожарот кој изби на ридест терен на периферијата на Рино, но началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат.
Последните податоци говорат дека е зафатена површина од над 6.000 хектари. Властите соопштија и за седум повредени лица од кои тројца пожарникари во гаснењето на пожарот.
Илјадници луѓе се евакуирани поради големиот шумски пожар во Невада кој, според пожарникарите бил предизвикан од човечки фактор за што е отпочната истрага.












