Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата на Орбан купила 17.000 респиратори во текот на ковид-19, актуелната на Маѓар се сомнева во измама – поднесена кривична пријава

/

Свет

Сподели преку :

Унгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава во обвинителството поради сомнеж за измами, манипулации и други казнени дела поврзани со набавката на респиратори во 2020 година. Спорната набавка е спроведена во текот на пандемијата на коронавирус од претходната влада, а информацијата ја потврди шефицата на дипломатијата, Анита Орбан, пренесува „Ројтерс“.

Таа пред новинарите појасни дека пријавата се однесува на купувањето на, речиси, 17.000 респиратори чија вкупна вредност достигнала 300 милијарди форинти или 826 милиони евра. Орбан нагласи дека министерството тогаш купило илјадници непотребни уреди по напумпани цени кои во реалноста не можеле да се користат.