TikTok се согласи да плати 400 милиони долари на САД за да ја прекине тужбата во која се тврди дека нивната платформа ја нарушува приватноста на децата, што претставува една од најголемите спогодби досега за ова прашање.
Договорот произлегува од тужбата од 2024 година од Министерството за правда под поранешниот претседател Џо Бајден, во која се тврди дека TikTok и нејзината матична компанија ByteDance собрале „огромни количини на податоци“ за милиони корисници под 13 години.
Тоа беше спротивно на Законот за заштита на приватноста на децата на интернет (COPPA), федерален закон донесен во 2000 година. Тоа е истиот закон за кој десетици американски држави сега ја тужат Мета, објави Би-Би-Си.
- „Децата и родителите се подобро заштитени денес отколку што беа кога започна овој случај“, рече помошникот државен обвинител Брет Шумате.
Други компании кои платиле казни на владата на САД за прекршувања на COPPA се YouTube на Google, кој во 2019 година плати 170 милиони долари, и Epic Games, кој во 2022 година плати 275 милиони долари.
Мета сега се соочува и со казни што би можеле да надминат стотици милијарди долари што произлегуваат од прекршувања на COPPA, за што поднесоа обвининија 29 американски држави.
Оваа недела започна судење пред поротата, а сопственикот на Инстаграм и Фејсбук е обвинет за таргетирање на деца корисници и профитирање од нив.












