Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Сменетиот украински министер за одбрана повика на одржување претседателски избори во државата

/

Свет

Сподели преку :

Поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров , кој беше сменет од својата функција од претседателот, Володимир Зеленски, на 15-ти јули, повика на одржување избори за време на војната во државата, што многумина го гледаат како најголемиот предизвик за власта на  Зеленски откако во февруари 2022-та година, Русија изврши инвазија врз Украина.

„Демократијата не смее да биде заложник на Русија“, рече 35-годишниот Федоров во видеото објавено на Youtube , додавајќи дека Украина се бори „токму затоа што сакаме да останеме слободна европска држава“.

Од почетокот на руската инвазија, во Украина е воведена воена состојба, што значи дека изборите се суспендирани.

Федоров, кој во видеото не го споменува Зеленски по име, неочекувано беше разрешен од функцијата министер за одбрана, само шест месеци откако беше назначен.

Зеленски сè уште нема одговорено на видеото на Федоров, чие разрешување предизвика протести низ целата земја.

За време на неговиот мандат како министер за одбрана,  неговите поддржувачи, го сметаат Федоров за најзаслужен за внесување нова енергија во министерството,  како човек кој ја предводел борбата против корупцијата и ја вовел праксата да се врши детална анализа на податоците од фронтот, со цел да се подобри ефикасноста во војната против Русија.

Се смета дека неговото разрешување е поврзано со тензиите кои ги имал со врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски. Сирски исто така беше сменет неколку недели подоцна, откако со недели траеја протестите во поддршка на Федоров и се зголемуваше притисокот врз украинскиот претседател.

Федоров во видеото не даде никаква индикација за свои политички планови, туку се фокусираше на потребата од „законски, безбеден и реален механизам што ќе ѝ овозможи на Украина да го обнови целосниот демократски процес дури и во услови на продолжена војна“.

Тој додаде дека земјата се соочува со „системска криза на управувањето“, дека „се плаши од промени“ и посочи на корупцијата во Украина како еден од факторите што ги попречуваат воените напори на земјата.

На Федоров му биле понудени и други функции во владата, меѓу кои и позицијата заменик-премиер за воени иновации, но 35-годишниот Федоров изјави дека би се вратил само како министер за одбрана.