Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наодите од градежното вештачење и распит на вештаците – продолжува судењето за „Пулс“

/

Македонија

Сподели преку :

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале директна пречка за евакуација.

Вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска, зборуваа за аспекти од вештачењето поврзани со урбанизмот и градежните аспекти.

Судење за „Пулс“: Објектот во 2012 нелегално станал дискотека, а општината била надлежна да провери

Од објект за лесна индустрија во 2012 година нелегално станал дискотеката „Пулс“. Ова денеска го сведочеше вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ која пред судот за пожарот во „Пулс“ изјави дека објектот пред 14 години започнал да се користи со намена дискотека или кабаре што е спротивно на неговата намена утврдена со урбанистичкиот план и законите.… Продолжи со читање

telma.com.mk

Лазаревска, во судницата започна со презентирање фотографии од изведба на челични греди и столбови во приземјето на објектот – зграда 1, направени 2012 година, а во функција на направената пренамена од магацин за теписи и теписони, во угостителски објект.

Одбраната реагираше на изведувањето на фотографиите без да се посочи каде точно се содржани во доказниот материјал, по што Судот го одложи рочиштето, со укажување на денешното продолжение да биде направена нумеричка презентација на фото записите.

Распит на градежните вештаци – продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште беше кажано дека вештачењето покажало  дека ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувани при реконструкцијата… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2